СЗО: Не можат да се достават лекови во Мариупол и во Миколаев

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè уште не можат да достават медицински помагала и лекови во опколениот град Мариупол, но и во Миколаев.

Претставникот на СЗО, Тарик Јашаревиќ во Дњепар изјави дека до 21 март биле потврдени 64 напади врз здравствени објекти – болници, здравствени домови и амбулантни возила.

Здравствените работници не се чувствуваат безбедно кога ја вршат својата работа, пациентите се плашат да побараат третман, а засегнати се и програмите за имунизација, грижата за хроничните болести како што се дијабетесот и ракот, како и грижата за мајчинството, истакна Јашаревиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина