САД и Русија на крајот ќе ги вратат нормалните односи, можеби не наскоро, но тоа ќе се случи, изјави денеска американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан.
-Апсолутно не сум добар во предвидувањето на иднината, но ќе направат едно предвидување – и тоа не е предвидување, само знам: на крајот, Русите и Американците повторно ќе воспостават нормални односи. Можеби не оваа година, можеби не следната, но тоа ќе се случи. Се надевам дека тоа ќе го доживеам, изјави американскиот дипломат во интервју за „Новаја газета“.
Извор: МИА