САД го осудија денешното лансирање на неидентификуван проектил од страна на Демократска Народна Република Кореја.
-Како и другите тестирања годинава што ја ескалираат ситуацијата, вклучително и она со двете интерконтинентални балистички проектили, и овој е чисто прегазување на низа резолуции на ОН, и ја демонстрира заканата што незаконските оружја за масовно уништување и балистичката ракетна програма на Северна Кореја ја претставува за соседите и за регионот во целина, изјави портпаролот Нед Прајс.
САД и меѓунородната заедница ја повкуваат ДНРК да запре со натамошни провокации и да се ангажира во одржлив и продлабочен дијалог.
Од САД напоменаа и за цврстата заложба за одбрана на Република Кореја и Јапонија, и дека тесно ќе се координираат со сојузниците и партнерите за да се одговори на заканите на ДНРК, и да се остварат заедничките цели за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Извор: МИА