ВИДЕО: Украинците објавија снимка од уништувањето на рускиот воен брод

Од:

Уништен е руски брод во окупираниот пристанишен град Бердјанск, соопштија украинските власти. Украинската армија ја објави снимката рано утринава. Деталите за тоа што ја предизвикало експлозијата и пожарот на бродот не се јасни.

Според заменик-министерот за одбрана Хана Малијар, украинската армија погодила огромна цел, способна да носи 20 тенкови, 45 оклопни возила и 400 војници.

Бердјанск, кој се наоѓа западно од опколеното пристаниште Мариупол, беше окупиран четири дена откако Русија ја нападна Украина. Русија вели дека го користела пристаништето како база за транспорт на опрема за своите војници.

Бердјанск е од голема стратешка вредност за Русите, лоциран помеѓу Крим и Мариупол, на околу 80 километри источно, каде што се проценува дека околу 100.000 луѓе остануваат изложени на руско бомбардирање.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски