Бугарија ќе го повика на консултации својот амбасадор во Русија Атанас Крастин, изјави премиерот на земјата Кирил Петков, кој денеска престојува во Брисел на состанок на Европскиот совет.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, потегот на Бугарија е поврзан со однесувањето на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова.
Според Петков, реакцијата на Митрофанова е недипломатска, остра и безобразна. Затоа Бугарија го повикува својот амбасадор од Русија на консултации во Софија.
– Сите знаат што значи тоа на дипломатски јазик. Вообичаено, кога едната земја ќе го повика својот амбасадор на консултации, другата треба да го следи примерот и да го стори истото, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.
Извор: МИА