Медведев: САД прават планови за дестабилизација на Русија

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој моментално е заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, ги обвини САД дека прават планови за дестабилизација на Русија и скицираат сценарио кое води до нуклеарна војна.

По распадот на Советскиот сојуз, Русија стана цел на „примитивна војна“ во која Русија треба да биде „понижена, исолирана, потресена, поделена и уништена“, објави на Телеграм, пренесува ДПА.

„И сега да замислиме дека Америка ќе биде успешна во оваа рунда од конфронтацијата“, продолжи Медведев. „Ова ќе биде резултатот: најголемата нуклеарна сила ќе биде под нестабилно политичко водство, со пропадната економија и максимален број нуклеарни бомби насочени кон цели во САД и Европа“.

Кина ќе биде следната жртва на САД, предвидува Медведев, „и тогаш ќе бидат само неколку кратки чекори до најголемата глобална катастрофа – колапс во снабдувањето со енергија и храна, неуспех на сите колективни безбедносни системи и набргу потоа, голема нуклеарна експлозија“.

Односие меѓу Русија и САД се на најниска точка во светло на руската инвазија на Украина. САД, заедно со ЕУ и други земји, наметнаа широк спектар на санкции врз Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски