Силно торнадо го погоди Њу Орлеанс

Од:

Спасувачките екипи ги пребараа урнатините во текот на ноќта во Њу Орлеанс, откако торнадо го погоди градот, при што загина најмалку едно лице, уништени се куќи и далноводи.

Силното торнадо уништи згради и преврте голем број возила во областа Араби. Шерифот на округот Џејмс Полман изјави дека неколку луѓе се повредени, а едно лице го загубило животот.

– Штом малку ќе ја расчистиме областа, ќе испратиме повеќе луѓе да ја пребаруваат, им рече тој на новинарите, додавајќи дека противпожарните екипи спасиле неколку блокирани луѓе.

Весникот „Вашингтон пост“ објави дека жртва на торнадото е 26-годишно момче кое спасувачите го пронашле пред куќата.

Поголемиот дел од јужна Луизијана сè уште се опоравува од ураганот Ајда, бура од четврта категорија што минатиот август ги уништи руралните заедници дури до јужниот дел на Њу Орлеанс, при што загинаа над 100 луѓе во неколку американски сојузни држави и на Карибите.

Њу Орлеанс, со мнозинско афроамериканско население, е познат по џезот и некогаш бил пристаниште за робови.

Градот сè уште има последици од ураганот Катрина во 2005 година, една од најсилните бури во американската историја, во која загинаа најмалку 1.800 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина