Еврокомисијата предлага зголемување на Фондот за опоравување и кохезија за 3,4 милијарди евра

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека предложила за 3,4 милијарди евра да се зголеми Фондот за опоравување и кохезија (REACT-EU), а со цел да се поддржат земјите-членки во прифаќањето на бегалците од војната во Украина.

Заедно со акционениот план за бегалци во Европа (CARE), овие средства треба да им овозможат на земјите-членки побрз пристап до парите потребни за дополнителна инфраструктура за бегалците, нивно домување, опрема и услуги за вработување, образование, социјална инклузија, здравствена заштита и грижа за децата.

Брисел наведува дека илегалната и неоправдана инвазија на Русија принудила повеќе од три милиони Украинци да ја напуштат својата земја, а ЕУ покажала голема солидарност и ги интензивирала своите активности за да обезбеди потребната поддршка да стигне до сите оние кои ги примиле бегалците.

За сите земји-членки, Комисијата предлага да се зголеми предфинансирањето од 11 отсто на 15 отсто од фондот REACT-EU за 2021 година, додека овој процент за земјите-членки од првата линија (Унгарија, Полска, Романија и Словачка) и членките кои примија најголем број бегалци од Украина во однос на нивното национално население, ќе изнесува дури 45 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина