Активисти на Гринпис протестираат против увозот на руска нафта во ЕУ

Од:

Активисти на Гринпис протестираа денеска пред голем руски танкер во Балтичкото Море против увозот на руска нафта во ЕУ, за кој организацијата за заштита на животната средина тврди дека ја финансира војната во Украина.

Европската унија и нејзините сојузници воведоа остри санкции против Русија, вклучително и замрзнување на имотот на нејзината централна банка, но нафтата и природниот гас не се дел од тие санкции.

– Во четвртата недела од војната на Путин, бродовите продолжуваат да доаѓаат во Европа од Русија, носејќи нафта што ја финансира војната на Путин во Украина, соопшти Гринпис.

Тие ги повикаа пратениците на ЕУ да се обединат во забраната за време на претстојниот самит, кога претседателот Џо Бајден ќе разговара во Брисел со 30 членки на НАТО, ЕУ и Г7, каде е вклучена и Јапонија, и треба да се зајакне одговорот на Западот кон Москва.

Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот не се согласија околу тоа дали и како да воведат санкции за профитабилниот енергетски сектор на Русија поради инвазијата врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он