(ВИДЕО) Каевски: Расипништво во криза, над 1.2 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ троши за партиски вработувања во 5 општини

Од:

„Додека СДСМ преку Владата којашто ја предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и одговорно штеди, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ расипнички се однесуваат со парите на граѓаните. Во време на голема криза, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, бараат пари од Владата а безмилосно ги трошат општинските пари само на партиски вработувања“, рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Само пет скопски градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, односно градоначалниците на Скопје, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Гази Баба ќе потрошат над 1,2 милиони евра за вдомување партиски кадри.

Во Скопје 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра среде криза. Тоа почитувани граѓани, се истите градоначалници кои бараат пари од Владата и се закануваат со радикализација.

Градоначалникот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ има намера да потроши 133.000 евра народни пари за привремени вработувања. Ова е истиот градоначалник кој се жалеше дека неговата општина била презадолжена, кој пред два месеци потроши народни пари на чоколади и сокови.

Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари за овие 5 општини. Со 1,2 милиони евра може да се реализираат неколку важни проекти, може да им се помогне на граѓаните во време на криза, на јавните претпријатија.

Но, очигледно на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најважна им е партизацијата на општините, отколку потребите на граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, таа останува партија симбол на криминал и расипништво, партија која не може да донесе ништо добро ниту за граѓаните, ниту за општините. Ова е неодговорно и расипничко однесување.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги пренаменат овие 1,2 милиони евра наместо за партиски вработувања да се насочат за потребните на граѓаните“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ