Руските сили повторно го бомбардираа станбениот кварт на Киев Шевченковски. Сликите по нападот беа објавени од локалните медиуми.
#Kyiv, #Shevchenko district. pic.twitter.com/uFLqeBJveG
— NEXTA (@nexta_tv) March 23, 2022
Тврдат дека Русите удриле во елитен станбен комплекс и приватни куќи.
Би-би-си пишува дека во ракетирањето бил оштетен и трговски центар. Тие потсетуваат дека украинските сили вчера го истакнаа своето знаме на околу 64 километри од Киев во Макарив, кое го презедоа од руските сили и со тоа повторно го запреа напредувањето на Русите кон главниот град.
Претходно утрово беше објавено дека во нападот на Киев се повредени најмалку четири лица.