Зголемување на цените на билетите за траекти во Грција

Од:

Дел од бродските компании во Грција веќе ги зголемиле цените на билетите на траектите, дел зголемувањето ќе го воведат од следниот месец, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, цените ќе бидат повисоки за 10 до 12 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Според АНА-МПА, „за да се справат со оперативни трошоци на бродовите по зголемувањето на меѓународните цени на нафтата поради војната во Украина“, од 18 март некои од компаниите веќе ги зголемиле цените, а другите тоа ќе го сторат од 1 април.

Па така, цените на траектите, како што пренесува грчката новинска агенција, од атинските пристаништа кон дел од островите, се зголемени за 3,5 до 4,5 евра.

Билетот од Пиреас до Парос, од 38,5 евра сега чини 42,5, до Миконос од 40 е зголемен на 44 евра, до Сирос од 35 на 38,5 евра, а зголемувања од околу десет отсто има и за возилата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната