Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

Од:

За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај, информираат од Владата.

„Тоа се дополнителни 3.000 денари само за овие три месеци кои се надоврзуваат на најголемите зголемувања на пензиите досега според усогласувањето од 2,9% во јануари годинава кога пензионерите имаа зголемување од најмалку 460 денари.

Со ова усогласување, со интервентната финансиска помош, како и со новиот модел за континуиран раст на пензиите, кој ќе започне да се применува со септемвриската пензија, пензионерите оваа година ќе имаат вкупно годишно зголемување во 2022 година од над 10.000 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија“, соопшти Владата.

„Мартовски пензии преку мрежата на банкомати ќе бидат достапни од 29.03.2022 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги исплаќаат во четири групи според висината на пензијата, и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Финансиската поддршка, како и зголемувањето на пензиите според новата методологија, ќе бидат исплатени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со што се потврдува неговата стабилност како резултат на добрите економски политики на Владата и на успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви.

Сето ова Владата го оствари без да ги зголеми стапките за пензиски придонеси, односно без дополнително оптоварување на бизнисот и низ отворен дијалог со сите засегнати страни со што се постигна одржливо решение за континуиран раст на пензиите, а со тоа и на животниот стандард и квалитетот на живот на пензионерите“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ