Мартовските пензии со дополнителните 1000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

Од:

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.

Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба