Политичката вина на Бојко Борисов е што ја зголеми енергетската зависност на Бугарија од Русија преку гасоводот „Турски тек“, за БНР коментираше поранешниот министер за внатрешни работи и близок соработник на Борисов до 2019 година, Цветан Цветанов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Цветанов додаде дека „Турски тек“ е јасен пример за тоа кога се зборува за сомнежи за корупција и за услуги за странски интереси. Тој додаде дека главна тема на дебата со Бојко Борисов за време на неговата влада била „руската оска“.
По заминувањето од ГЕРБ Цветанов стана лидер на малата вонпарламентарна партија „Републиканци за Бугарија“.
Тој го коментираше притворот на Борисов на крајот на минатата недела, изјавувајќи дека во моментов може да се види само јавната страна, додавајќи дека се очекува судска одлука.
-Бугарското Министерство за внатрешни работи направи грешка. Требаше да има доволно докази и поентира дека правецот во кој се оди е погрешен. Нормално е да се направи ревизија на работењето на претходната влада, рече Цветанов.
Новата власт ќе треба да покаже политичка зрелост. Гледаме дека такво нешто недостасува. Тоа што може да остане како чувство е агресивниот реваншизам.
Извор: МИА