Украина, по речиси еден месец од руската инвазија, се развива во полн обем, иако не се развива како што очекуваше Путин, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда по средбата со неговиот бугарски домаќин Румен Радев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, полскиот претседател е во работна посета на Бугарија.
Дуда истакна дека Варшава, не само како земја членка на НАТО, туку и на многу други начини, се обидува да и помогне на Украина.
Алијансата мора што побрзо да се прилагоди на сегашната ситуација, која ја создава агресивната политика на Русија.
Дуда беше категоричен дека ЕУ мора да се ослободи од доминацијата на Русија во снабдувањето со нафта и гас.
-Претстојната средба во Брисел за мирот во Украина ќе донесе и воени и економски одлуки кои ќе ја зајакнат нашата безбедност, изјави полскиот претседател од Софија.
Извор: МИА