ФОТО: Жерновски даде отчет за сработеното во 100-те дена

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, даде отчет за сработеното во 100-те дена.

Жерновски одговори на обвинувањето на власта дека доцни со отчетот и дека освен една дислоцирана канделабра ништо не сработил.

„Ова се тенденциозни напади. Забораваат дека во Центар имаше 3 изборни круга на гласање. Јас нема да внесувам политика во општината, а работам и ќе работам, а тоа го покажува и отчетот од кој јасно се гледа дека се што беше во изборната програма е  98 проценти реализирано или започнато“.

otcetAndrej (1)

Жерновски потсети дека општината ја презема со испразнет буџет и долг од 5, 5 милиони евра, дека втор работен ден Владата пратила инспекции.

„Проектот „Скопје 2014“ не го подржувам, но јасно кажав и ќе повторам, нема да уривам. Позади грандиозните изданија од Скопје 2014 се кријат илјадници нерешени животни прашања. Општината беше 13 години киднапирана од власта и ние ја враќаме на граѓаните. Конечно општината е раководена од општинските бараки, а не од централната власт.

– Она што го ветив е отвореноста и транспарентноста. Секоја последна среда има Отворен ден со граѓаните, а редовно со стручните лица и раководителите одиме на лице место да ги чуеме жителите на Центар. Се надевам дека граѓаните добија свој човек во општината“, потенцираше Жерновски.

otcetAndrej (3)

Горд сум на резултатите, рече Жерновски и го посочи сработеното:

– Од 1. јули центарци добија бесплатен паркинг

– Отпочна процесот на гасификацијата на општината. По завршувањето на гасификацијата на ОУ „Димитар Миладинов“, процесот на гасификација продолжува. Одлуката на Градот да се откаже од гасификацијата, за Жерносвки е политички, бидејќи гасификацијата се реализира во трите општини под раководство на опозицијата-Струмица, Куманово и Центар.

– Завршена е реконструкцијата или во тек е реконструкција на улиците „Пајак“, „Роса Плавева“, „8-март“, „Питу Гули“, „Благоја Давков“ и „Ѓорѓи Пулевски“.

– Почна изградбата на нов сквер Буњаковец

– Се подига нивото на одржување на хигиената и зеленилото

– За 100 дена издздени се 219 решенија за легализација

– Се расчистуваат 32 диви депонии

– Целосно е исчистен дивиот пазар под Кале

– Подигнат е нов парк до Цветниот пазар

– Отпочна реализацијата на проектот за обновени енергетско-ефикасни фасади

– Отпочнаа активности за изградба на ново основно училиште во Капиштец

– Целосно се санира новата спортска сала во ОУ Гоце Делчев

– По 58 години се ставаат нови подови во ОУ Димитар Миладинов

– Распишана е јавна набавка за изградба на нова детска градинка

– Отворена е првата општинска библиотека-читалната Славко Јаневски

– Отворен е нов пензионерски клуб.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории