Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 за непрописно паркирање…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.