Од Скопје за Брисел, Париз и Франкфурт со „Виз ер“ за 1.500 денари

Од:

Директни летови од Скопје до Брисел, Франкфурт и Париз ќе воведе нискотарифната авиокомпанија „Виз ер“ од април следната година со субвенции од македонската Влада.

Авиокомпанијата, што веќе оперира кон  десет европски дестинации со субвенции од македонската Влада, кон новите три дестинации ќе сообраќа двапати неделно, а цената на билетите ќе чини најмалку 1.500 денари.

Плановите за развој денеска на прес-конференција ги објавија извршниот потпретседател на Виз Ер Џон Стивенсон со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски.

Авиокомпанијата од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патничкки авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Јанакиески и Стивенсон најавија и дека „Виз ер“ ќе ги зголеми фрекфенциите на летови за постоечките дестинации. До Малме ги зголемува летовите од пет на седум во неделата, кон Базел наместо трипати ќе сообраќа петпати, кон Дортумнд и кон Ајндховен се зголемуваат летовите од два на три, кон Гетеборг од два на четирипати и кон Михнен исто така од два до трипати во неделата.

Според министерот Јанакиески, Владата и воздухопловните власти постојано прават напори за привлекување што поголем број авиокомпании за оперирање од македонските аеродроми, зголемување на бројот на патници и  овозможување нови дестинации  и поевтини билети за граѓаните.

Активностите што се преземаат и субвенционирањето според Јанакиески придонеле за зголемен број патници во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани на двата аеродрома за 18,2 проценти.

Пет топ дестинации за македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. „Виз ер“ учествува со 35,2 проценти  во вкупниот број патници, по што следат Туркиш ерлајн, Аустрија ерлајн, Адриатик ерлајн и Пегасус. Од ТАВ Македонија посочуваат дека се прават напори за зголемување на летовите кон Италија и повторно воспоставување на линиите кон Будимпешта и Прага.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба