Бајден: Џексон има брилијантен правнички ум со голем карактер и интегритет

Од:

Американскиот претседател, Џо Бајден, преку Твитер денеска ја искажа својата поддршка за назначувањето на Кетања Браун Џексон за судијка во Врховниот суд на САД.

-Со почетокот на сослушувањето за нејзини назначување во Врховнуот суд, со нетрпение очекувам Сенатот и земјата да видат колку неверојатно квалификувана е судијката Џексон за нејзината работа. Таа има брилијантен правнички ум со голем каракатер и интегритет. Знам дека ќе биде исклучителна судијка, напиша Бајден на Твитер.

На четиридневното сослушување кое почна денеска, ќе се одлучува за тоа дали оваа судијка со афроамериканско потекло ќе стана судијка на Врховниот суд, што ќе биде првпат во историјата на САД. Врховниот суд на САД е едно од клучните тела на законоднавно-извршната власт на земјата.

Судијката Џексон беше номинирана за судијка во Врховниот суд по барање на претседателот, а местото остана испразнето откако друг судија замина во пензија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски