Истрага против дилер на марихуана во Прилеп

Од:

По поднесена кривична пријава од страна на МВР – ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен прилепчанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 17 март неовластено заради продажба држел 191,21 грама наркотична дрога – марихуана. Тој бил затекнат од полициски службеници при обид да продаде помало количество марихуана на друго лице, при што се дал во бегство, фрлајќи ја зад себе ќесата со дрога, соопшти Обвинителството.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење до 30 дена, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството