Чувал рачна бомба во викендица, поведена истрага против едно лице

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, во неговата викенд куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба од непозната марка и модел. Освен ова, кај него биле пронајдени и делови од огнени оружја – рамки за автоматски и полуавтоматски пушки, како и седум испукани чаури низ дворот на оградената викендица, соопштува Обвинителството.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се додава во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски