Информациските системи на поштата на Грција, синоќа биле мета на хакерски напад, а од превентивни и безбедносни причини, целиот дата центар на компанијата денеска е вон функција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од поштата соопштија дека постоела навремена реакција со што се ограничило и спречило ширењето на нападот, а веднаш биле информирани надлежните владини органи, како и со ИТ компаниите специјализирани за сајбер безбедност.
– Од превентивни и безбедносни причини и додека не се завршат сите потребни активности, одлучено е да се изолира целиот дата центар на компанијата. Затоа најавуваме привремен прекин во работата на комерцијалниот информациски систем на сите пошти, соопштија од грчката пошта.
Извор: МИА