Некои го користат за рекреација, спорт, други како основно превозно средство, но малкумина знаат дека 16. јули е Светскиот ден на велосипедистите.
Токму велосипедот е најчесто користениот превоз и се проценува дека во светот денес има над една милијарда велосипеди.
Според книгите првиот велосипед го имислиле Французите Пјер Лалман и Ернест Мишо во 1860 година, иако многумина историчари не се согласуваат со тоа. Тие тврдат дека велосипедот не може да се поврзе со ниту едно име, но како прв возач е забележан германскиот барон Карл фон Драис во 1817 година.