Медведев: Русија никогаш нема да пропадне

Од:

Руската економија никогаш нема да пропадне поради санкциите, изјави вчера заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува руската агенција Риа Новости.

„Ги имаме сите можности за сопствен развој. Претходните санкции беа многу добредојдени, тие не принудија да развиеме замени за увозот во сите сектори, вклучително и научно-интензивните, за развој на нови технологии, производи и лекови“, напиша тој на неговиот канал на Телеграм.

„Владата веќе донесе одлуки да им помогне и на луѓето и на економијата во форма на социјални бенефиции, дополнително финансирање за високотехнолошкиот сектор, земјоделството, банкарскиот сектор. Нема да има колапс во економијата“, рече Медведев.

„Покрај тоа, Русија има многу сигурни партнери не само во постсоветскиот простор, туку и во Кина, Југоисточна Азија и африканските земји. Таа е огромен, перспективен пазар, не толку конфликтен како европскиот. Резултатите од ова партнерство и соработката е сосема евидентна“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година