СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, во само четири општини над 1 милион евра за сомнителни договори

Од:

„И во време на најголема светска енергетска и економска криза, додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството, на дело се гледа расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалниците од партијата предводена од Христијан Мицкоски не само што ништо не работат расипнички ги трошат парите на граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Само во четири општини раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе се потрошат речиси еден милион евра за партиски вработувања.

Наместо за конкретни проекти и помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошат на непродуктивни расходи и за партиски вработувања.

Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања.

Потоа следи Бобан Стефковски кој за иста намена од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра.

Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ ќе потроши 100.000 евра, додека неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојковски за партиски вработувања ќе потроши над 25.000 евра.

Сето тоа вкупно се еден милион евра, сериозни средства со кои може да се реализираат бројни проекти или со кои може да им се помогне на одредени категории граѓани во време на криза.

Мицкоски молчи на ваквото расипничко трошење на парите и не собра храброст јавно да ги повика градоначалниците да прекинат со расипничкото трошење на парите на граѓаните.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните а расипништвото е нејзин симбол“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ