„Виз Ер“ ќе лета со уште еден авион од Скопје

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе присуствува на промоција на вториот авион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ која реализира летови со субвенции од македонската Влада. Плановите за раст на компанијата преку нејзината база на скопскиот аеродром ќе ги објави Џон Стивенсон, извршен потпретседател на „Виз Ер“.

По потпишувањето на тригодишниот договор со Владата, авиокомпанијата од октомври минатата година воведе летови од скопскиот аеродром кон шест европски дестинации. Со договорот се обврза да воспостави база од најмалку еден авион на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и да ја одржува во период од три години.

Субвенционирањето на авиолетовите е дел од проектите на Владата за зголемување на сообраќајот на аеродромите во Скопје и во Охрид и на бројот на туристи.

До крајот на 2014 година за субвенционирање авиолетови се планирани 306 милиони денари. Субвенционирањето се врши врз основа на воведување нови дестинации и зголемување на бројот на патници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД