Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137

Од:

Во последните неколку дена во Франција не можеше да се пропушти жолтеникавото небо и честичките оставени на автомобилите. Поврзани со песочната бура која ја зафати Сахара, тие содржеле, меѓу другото, цезиум 137, радиоактивен елемент, остаток од француските нуклеарни и атомски проби во Сахара, јави дописникот на МИА.

Минатата година, песочната бура што доаѓа од Сахара го обои небото на Франција со жолта, дури и портокалова нијанса. Овој вторник, 15 март 2022 година, Сахара повторно го направи тоа и честичките прашина останаа во суспензија неколку дена во атмосферата, таложејќи се на автомобили, на улици, покриви, во планините… Но, овој песок содржи елементи кои се штетни за здравјето, а особено цезиум 137, елемент кој се смета за радиоактивен.

Облакот од песок овој пат остана многу подолго од вообичаено над Франција, од вторникот до петокот. Евакуиран оттогаш од ветровите, носејќи сино небо над поголемиот дел од земјата, песокот сепак остави свој белег. Особено на автомобилите, препорачливо е брзо чистење за да се спречи честичките да станат корозивни и да ја оштетат бојата или другите метални делови. Но, тиа можеше да влијаат и на здравјето.

Покрај загадувањето на воздухот што го предизвикува оваа прашина, таа враќа и вируси и ситни честички кои не се препорачуваат за здравјето, особено тешки метали, пестициди или полен. Во краткорочните ефекти, студиите забележаа зголемен ризик од кардиоваскуларна смртност поради респираторни проблеми, како и астма кај децата, што може да се ублажи во последните две години со носење маска која стана вообичаена.

Но, Здружението за контрола на радиоактивноста на Запад, исто така, забележа дека прашината од песок содржи цезиум 137, радиоактивен агенс што доаѓа од нуклеарните тестови спроведени од Франција во Алжир во 1960-тите годиним со што трајно го контаминирале регионот. Специјалистите за радиоактивност не се загрижени за последиците во Франција, но времетраењето на настанот донесе повеќе радиоактивност од претходната година.

Климатските промени ја зачестуваат оваа појава, и според научниците таа ќе се интензивира во годините што доаѓаат .

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили