Исечени цевките за кислород во болницата за нефрологија во Струга

Од:

Исечени се цевките од централниот довод на медицински гас до салата за операции во државната Специјализирана болница за нефрологија во Струга. Случајот го пријавил лекар анестезиолог, а полицијата го бара непознатото лице кое според приајавата ги оштетило цевките.

-На 18.03.2022 во 10,05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот се вели во информацијата од МВР.

Засега нема детали за тоа каква штета е прдизвикана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица