ВИДЕО: Руски космонаути во одела во боите на украинското знаме

Од:

Тројца руски космонаути кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица носеа жолто-сини одела, како боите на украинското знаме.

Тие дојдоа во капсулата „Сојуз“, а екипажот го сочинуваат командантот Олег Артемјев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков. Тие пристигнаа по тричасовен лет од Казахстан. Ова се првите руски космонаути кои дојдоа на ISS по нападот на Русија на Украина.

Неколку пати се споменуваше дека нивниот лет ќе биде откажан поради војната. Но, сепак тие полетаа. Во видеото објавено непосредно пред летот, астронаутите носеле бели и сини одела. Но, кога се спија ISS беа во жолто-сини одела.

Срдечно беа пречекани на Меѓународната вселенска станица од американските и германските колеги и Русите кои веќе беа таму. Олег Артемјев, доби прашање за жолто-синиот костум во текот на разговорот со семејството.

Тој рече дека секој член на екипажот избира што да облече и додаде дека „собрале многу жолт материјал што требало да се искористи“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина