Русија ги користи ОН за ширење пропаганда, тврдат западни држави

Од:

Русија го користи Советот за безбедност на ОН за да шири дезинформации и пропаганда за нејзината инвазија врз Украина, соопштија денеска шест западни земји-членки.

Тие го изнесоа ова тврдење на состанокот на Советот свикан на барање на Русија за да разговараат околу нејзините наводи дека Украина развива биолошко оружје.

– Русија уште еднаш се обидува да го искористи овој Совет за да ги испере своите дезинформации, да ја шири својата пропаганда и да го оправда својот неиспровоциран и брутален напад врз Украина, се вели во изјавата на шесте земји членки во Советот, прочитана од американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд.

Таа беше придружувана од претставници на Франција, Норвешка, Албанија, Ирска и Велика Британија.

Минатата недела Советот за безбедност на ОН одржа состанок за истото прашање, исто така, на барање на Русија.

На денешниот состанок САД повторија дека Украина нема програма за развивање биолошко оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он