СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ пласира невистини и цела година го блокира Законот за служба во Армијата

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на денешната прес конференција на пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ.

„Преку нецелосни информации ВМРО-ДПМНЕ во очај се обидува да фрли дамка врз работата на Министерството за одбрана и Армијата.

Во време на хибридна војна намерното ширење дезинформации со цел да се наруши угледот на Министерството е неодговорно и антидржавничко однесување.

Цела година ВМРО-ДПМНЕ со илјадници амандмани го блокира Законот за служба во Армијата а денеска шири невистини, ете колку се грижат за припадниците на Армијата.

За разлика од нивното владеење кога војниците беа манипулирани и потценувани, денес постојано се инвестира во повисоки плати, во нова опрема и подобри услови за работа на војниците, а нашата Армија е респектирана и рамноправна со армиите на земјите членки на НАТО“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски