Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и други врвни глобални заемодавци предупредуваат на „обемни“ економски последици од војната во Украина.
Целата глобална економија ќе ги почувствува ефектите од кризата преку забавен раст, трговски нарушувања и повисока инфлација“, се наведува во денешната заедничка изјава, предупредувајќи дека конфликтот ги ограничува резервите на енергија и храна и ја зголемува сиромаштијата.
Останатите потписници се Банка за развој при Советот на Европа, Европска банка за обнова и развој и Европска инвестициска банка.
Изјавата е објавена по вчерашната средба на шефовите на банките, кои разговараа за глобалните влијанија на војната во Украина и за нивните индивидуални и колективни одговори на ескалацијата на кризата.
– Ние сме ужаснати и длабоко загрижени поради руската инвазија врз Украина и кризата што следи. Нападите врз цивилите и цивилна инфраструктура предизвикуваат огромно страдање, создаваат масовни раселувања на населението, го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност и ги загрозуваат основните социјални и економски потреби на луѓето ширум светот, се истакнува во заедничката изјава.
Извор: МИА