МАЕ: Десет мерки за брзо намалување на потрошувачката на нафта

Од:

Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ) денеска објави мерки за брзо намалување на потрошувачката на нафта. Ова доаѓа во момент кога светот се соочува со последици од руската инвазија на Украина, јави Бета.

Русија е голем извозник на енергија. Ситуацијата околу Украина доведе до големи промени во цените на енергијата.

МАЕ издвои 10 мерки, што би требало да ја намалат потрошувачката на нафта за 2.7 милиони барели дневно, во наредните четири месеци, што е еднакво на потрошувачката на сите автомобили во Кина.

Планот од 10 точки се фокусира на транспортниот сектор.

Се предлага намалување на дозволената брзина на автопат за најмалку 10 километри на час, работа од дома до три дена седмично, како и во недела да не се возат автомобили во градовите.

Предложено е и да се намали цената на јавниот превоз и да се поттикне пешачењето и возењето велосипед.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Поевтинуваат бензините

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа