Франческини: Италија е подготвена да го обнови театарот во Мариупол

Од:

Италијанскиот министер за култура Дарио Франческини најави дека Италија е подготвена да го обнови уништениот театар во Мариупол.

– Владата … го одобри мојот предлог да ѝ понудам на Украина ресурси и средства за обнова, што е можно поскоро. Театрите во сите земји му припаѓаат на целото човештвото, напиша Франческини на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така на Твитер се заблагодари на Франческини.

– Вие дадовте добар пример за следење. Заедно ќе ја обновиме земјата до последната тула, напиша Зеленски.

Според украинските власти, театарот бил бомбардиран од руските сили бидејќи голем број луѓе биле засолнети во зградата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Украина го нападна местото за лансирање на руски беспилотни летала во регионот Курск