Талибанците ќе им дозволат на девојчињата ширум Авганистан да се вратат на часови кога ќе се отворат средните училишта следната недела, изјави официјален претставник за образование, по неколкумесечна неизвесност дали ќе се дозволи целосен пристап до образование за девојчињата и жените.
„Сите училишта ќе бидат отворени за сите момчиња и девојчиња“, изјави Азиз Ахмад Рајан, портпарол на Министерството за образование.
„Но, има некои услови за девојчињата“, рече тој, додавајќи дека ученичките ќе ги учат одделно од машките и само со професорки.
Во некои рурални области каде има недостиг од наставнички, тој рече дека на постарите машки учители ќе им биде дозволено да им предаваат на ученички.
Извор: МИА