Повеќе од 187.000 бегалци кои бегаат од војната во Украина пристигнале во Германија по руската инвазија на Украина пред три недели, соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Германската полиција до денеска евидентирала 187.428 бегалци, главно жени, деца и постари лица, соопшти Министерството.
Во Шпанија досега се регистрирани и околу 4.500 украински бегалци, иако реалната бројка е веројатно многу поголема, изјави денеска шпанскиот министер за миграција Хозе Луис Ескрива.
-Тешко е да се знае реалниот број на бегалци бидејќи многумина одат директно кај своите семејства овде во Шпанија без да се регистрираат кај властите.
Повеќе од три милиони луѓе ја напуштија Украина во она што Агенцијата на ОН за бегалци ја нарече најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.
Извор: МИА