Парламентот на Литванија усвои резолуција за создавање зона за забранети летови над Украина

Од:

Парламентот на Литванија едногласно усвои резолуција со која се бара воспоставување зона на забранети летови над Украина, придружувајќи се на апелот на неколку земји од ЕУ, како Естонија и Словенија.

Во резолуцијата се наведува дека зоната на забранети летови ќе им овозможи на мировните сили на Обединетите нации да ја гарантираат безбедноста на хуманитарните коридори и безбедноста на украинските нуклеарни централи, како и објектите за складирање на нуклеарен отпад, пренесуваат американските меидуми.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, отфрли секаква можна улога на Алијансата во воспоставувањето и надгледувањето на зона на забранети летови над Украина, со цел да се заштити земјата од руските воздушни напади.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина