Украина бара од Јапонија висококвалитетни сателитски снимки како помош за да се одбрани од руските војници, јави весникот Никеи.
Владата во Токио внимателно ќе размисли дали е прифатливо давање такви податоци и дали тоа се дозволува со актуелната законска рамка.
Јапонската војска соопшти дека забележала четири големи руски амфибиски воени бродови во близина на јапонските острови додека се упатувале кон запад, веројатно кон Европа. „Четири руски воени бродови беа забележани како пловат низ теснец во североисточна Јапонија, најверојатно превезувајќи војници и борбени возила во Украина“, соопшти синоќа јапонското Министерство за одбрана.
Извор: МИА