Резников: Пилотот кој го бомбардираше театарот е чудовиште

Од:

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека пилотот кој го бомбардираше театарот што се користеше како засолниште за цивили во Мариупол е „чудовиште“.

Обраќајќи се пред Европскиот парламент преку видео врска, Резников рече дека пилотот ја фрлил бомбата и покрај тоа што со големи букви било испишано „деца“ од двете страни на зградата. Не е познато колку луѓе го преживеале нападот.

„Веројатно веќе сте слушнале дека театарот беше погоден со ракети, театар во кој се засолниле 1.200 жени и деца. А, на мапите, од дроновите, може да се види дека околу театарот со големи букви пишува ‘деца’, а сепак, и покрај тоа, чудовиштето фрли бомба врз театарот“, рече Резников.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ