Повеќето од луѓето го преживеале нападот врз зградата на театарот во Мариупол

Од:

Украинските власти соопштија дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала бомбардирањето, дека моментално се работи на извлекување на луѓето, како и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот.

„Зградата е уништена. Повеќе од илјада жени и деца се наоѓаат во засолништето во подрумот на мариуполскиот театар, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на пратеникот, Дмитро Гурин.

Тој уште вели дека добил информација оти скривницата го издржала бомбардирањето, како и дека луѓето го преживеале нападот.

„Се уште не знаеме дали има ранети или убиени, но изгледа дека повеќето преживеале и дека се добро“, вели тој.

Претходно официјални украински претставници ја обвинија Русија за намерно уништување на театарот во Мариупол во кој, според нивни тврдења, во време на нападот имало околу 1.200 луѓе.

Меѓутоа, руската страна синоќа ги демантираше обвинувањата на Киев дека Русија го извршила нападот врз театарот, тврдејќи дека тоа е нова провокација на милитантите од националистичкиот баталјон „Азов“, активирајќи екплозив што претходно го поставиле во зградата на театарот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина