Клеверли: Обединетото Кралство ќе притиска за задушување на руската воена машина

Од:

Британскиот министер за Европа и Северна Америка, Џејмс Клеверли, изјави дека Обединетото Кралство ќе продолжи да врши притисок за „задушување на руската воена машина“, пренесува Си-Ен-Ен.

„Видовме очигледни напади врз цивилна инфраструктура што е спротивно на хуманитарното право, спротивно законите во вооружените судири. Мора да се погрижиме да собереме докази за сите тие случаи, за рускиот режим што ја води оваа целосно незаконска, неоправдана војна во Украина да одговара пред меѓународните судови“, рече изутринава Клеверли.

Притоа тој нагласи дека ќе продолжат притисоците за задушување на финансирањето на руската воена машина, со цел што поскоро завршување на војната.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина