Џонсон: Путин треба да сфати дека е веќе неуспешен

Од:

Инвазијата на рускиот претседател „веќе е неуспешна“, бидејќи тој ја потцени „силата на отпорот“ во Украина, изјави британскиот премиер Борис Џонсон за Би-Би-Си.

Тој ги обвини и европските земји, затоа што „повторно го третираа Путин како дел од заедницата“, по неговото анектирање на Крим во 2014 година.

Џонсон ова го изјави при посетата на Саудиска Арабија, каде разговара за енергетската безбедност.

Според британскиот премиер, Западот треба да обезбеди „никогаш повеќе да не биде ранлив на уцените на Путин“, особено кога станува збор за рускиот гас и нафта.

Џонсон за Би-Би-Си изјави и дека Путин „мора да се повлече“.

– Тој мора да ја затвори оваа работа. Да си ги земе назад своите тенкови и оклопот. И мора да има нешто како решение, што ќе ја почитува желбата на украинскиот народ, подвлече премиерот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин