Зеленски: Русија стана терористичка држава

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање ја нарече Русија терористичка држава.

„Светот мора официјално да утврди дека Русија стана терористичка држава“, рече Зеленски, повторувајќи ги неговите постојани барања за уште построги санкции против Москва, за дополнителна испорака на оружје за украинските војници и за затворање на украинскиот воздушен простор.

Во своето деветминутно обраќање, украинскиот претседател рече дека „вистинската заштита“ за неговата земја е предуслов за каков било напредок во мировните преговори со Русија.

„Моите приоритети во преговорите се целосно јасни: крај на војната, безбедносни гаранции, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции и вистинска заштита на нашата земја“, рече Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина