Полските обвинители собраа повеќе од 300 изјави на сведоци како дел од истрагата за наводните воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, изјави полскиот министер за правда.
– Веќе се собрани повеќе од 300 сведоштва и изјави на сведоци, кои опишуваат конкретни злосторства и злосторства што се случија во врска со рускиот напад врз Украина, рече Збигњев Зиобро, државен обвинител на Полска, за време на заедничката прес-конференција со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан.
Кан ја посети Украина денеска, каде што одржа видео-конференција со претседателот на земјата, Володимир Зеленски, соопшти неговиот кабинет.
МКС започна официјална истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина која е нападната од Русија на 24 февруари.
Ниту Русија, ниту Украина не се членки на МКС, а Москва не го признава судот, основан во Хаг во 2002 година.
Извор: МИА