Чешкиот премиер побара поголема воена помош по посетата на Киев

Од:

Чешкиот премиер Петр Фиала го повика денеска Западот брзо да ги зголеми испораките на оружје за Украина, додека земјата се бори против руската инвазија.

– Украинците имаат шанса против огромната супериорност (на Русија), само доколку западните земји ги снабдат доволно со воена технологија, изјави Фиала во Прага.

Заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и словенечкиот колега Јанез Јанша, Фиала вчера отпатува во Киев за да покаже солидарност со Украина и да се сретне со нејзините лидери.

Нивната посета на главниот град на Украина беше прва на странски лидери од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

– Треба да го зајакнеме снабдувањето со оружје и да вклучиме колку е можно повеќе земји. И тоа треба да се направи брзо, бидејќи за две недели може да биде предоцна. Ова треба да се направи во рок од неколку дена, истакна Фиала, додавајќи дека на Украина и се потребни пред се противтенковски и противвоздушни ракети.

Чешката Влада денеска одобри воена помош за Украина во вредност од над 28 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина