Во Чешка рекордно високи температури

Од:

Температурите во Чешка, кои вчера достигнаа над 39 степени Целзиусови, предизвикаа надминување на над 100 топлотни рекорди за овој период од годината, јави дописникот на МИА од Прага.

Најтопло беше во југоисточниот дел на земјата, во местото Брод над Дија каде се измерени 38,7 степени, а во чешкиот главен град беа измерени температури околу 39-от степен.

– Во Прага, во областа Карлов е измерена температура од 38,5 степени, што е иста вредност како во 1983 година кога се смета дека е измерена апсолутно рекордна температура, се вели во извештајот на Чешкиот хидрометеоролошки завод.

Речиси во целата земја ноќеска беше забележан силен ветер и дожд кој се очекува да донесе намалување на температурите, а невреме се очекува и вечерва.

Тропскиот бран зафати и други европски земји. Во Австрија вчера падна 30 години стариот топлотен рекорд, кога во областа Делах во близина на италијанската граница се измерени 39,9 степен Целзиусови. Во Италија, исто така температурите на воздухот биле околу 40-тиот степен, а според прогнозите денеска исто така ќе биде топло, со температури над 40 степени.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица