За 24 часа зголемен бројот на украински бегалци за над 90.000

Од:

Бројот на бегалци кои ја напуштија Украина по руската инвазија е зголемен за повеќе од 90.000 во изминатите 24 часа, соопштија денеска ОН.

УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, соопшти дека 3.063.095 Украинци избегале преку границите на нивната земја од почетокот на војната на 24 февруари, што е за 93.495 повеќе од вчерашното ажурирање.

Меѓународната организација за миграција на ОН додаде дека побегнале и 162.000 државјани на трети земји.

ИОМ проценува дека милиони луѓе се уште се блокирани во земјата или внатрешно раселени во Украина, предупредувајќи дека освен нив, „може да бидат погодени уште милиони, ако војната не заврши“.

УНХЦР првично процени дека до четири милиони луѓе би можеле да заминат, но минатата недела соопшти дека таа бројка може да биде ревидирана.

Пред конфликтот, Украина имаше 37 милиони жители во регионите под владина контрола.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски