Се укинуваат маските за учениците до деветто одделение, за наставниците остануваат задолжителни

Од:

Комисијата за заразни болести ќе препорача на Владата да се укине задолжителната обврска децата до деветто одделение во училиштата да носат маски за заштита од коронавирусот.

Освен делумното укинување на маските, Комисијата денес изгласала и одлука да не се бараат сертификати во отворените делови од угостителските објекти и од 50 на 70 отсто да се зголеми исполнетоста на театрите и културните институции.

„Обврската за наставниците и административно-техничкиот персонал во основните училишта за носење маски останува задолжителна. Ако некој сака да носи маска на училиште за да ги заштити дома возрасните членови на семејството не е забрането, но обврската ја укинуваме“, рече претседателот на Комисијата Александар Петличковски.

Комисијата ја донела одлуката со мнозинство. Петличковски објасни дека имало дискусија и различни мислења, но ставот е заеднички. Препораките ќе ги испратат до Главниот кризен штаб од каде треба да стигнат на дневен ред на седница на Владата.

Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ нагласи дека внимателно ја следат епидемиолошката состојба и доколку се зголеми епидемиолошкиот ризик, на сила ќе се вратат истите мерки. Се одлучиле за постапно олабавување на мерките за да дојде до нагло влошување на состојбата.

„Со постепено олабавување на мерките согласно епидемиолошкиот ризик,  доколку успееме на терен да ја контролираме на епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме да не се доведеме до ситуација во која се доведоа Германија, Австрија, Велика Британија и Данска, каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, рече Мехмедовиќ.

Комисијата, согласно новите параметри усвоени минатата недела, оценила дека земјава се наоѓа во зелена зона, односно намалени се бројките на новозаразени, на хоспитализирани и на починати од Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски