Наместо парк и старите дрвја, пустина. Таква е сликата денеска, откако за еден час беше уништено она што со дестици години било создавано од природата.
Полицијата интервенираше во 4 часот изутрина, а тие што го чуваа паркот и спиеја во шатор беа изненадени. Немоќни да се спротивстават, откако со полициска интервенција беа исечени дрвјата, тие со револтот продолжија на булеварот. Постар човек на жешкото сонце, со ќесата со таблети во рака, седеше и даваше отпор да се однесат гранките од старите дрвја.
Брутални се, дојдоа со оружје како кој знае кој да е тука. Ги откорнаа клупите, тие се наши на општина Центар. Нема поместување до крај, нека ме легитимираат, нека ме затворат, изјави жител на Скопје кој го брани паркот, сега од булдожерите кои се очекууваат да почнат да копаат.
Неколкуте бранители на паркот, повикаа Скопјани да помогнат да се спречи градење на нова барокна зграда на Советот за радиодифузија на местото на паркот. Тие велат дека остануваат тука уште и повторно ќе го постават шаторот во она што остана од паркот.
Околу 4 часот гледавме филм, и не изненадија 20 возила, алфи се истурија од сите страни, ни кажаа дека имааме 15 минути да го напуштиме паркот илои ќе преземеле мерки. Бевме тегнати. Јас дојдов од Прилеп да ги штитам дрвјата и да се борам со Скопјани, зашто Скопје е наш град. Сакавме да го зачуваме зеленилото, рече еден од тие што го бранеа паркот синоќа.
-Држава фашистичка, држава полициска, викаа изутринава додека се корнеа и клупите од паркот.